(Вознемирувачко видео) Се појави снимка од несреќата во која фудбалерот усмрти брачен пар: Не ни кочел, ги отфрлил 15 метри

Точка

25/06/2019

18:25

3.363

Големина на фонт

а а а

Во Мексико се случила стравична несреќа во која фудбалерот на шпанската Севиља усмртил тазе венчан брачен пар, а сега се појави и морничава снимка од самиот судар.

Жоао Малек, млад мексикански фудбалер кој игра за Севиља Б во неделата наутро предизвикал сообраќајна несреќа во Гвадалахара во која животот го изгубија двајца луѓе. Малек и неговиот совозач завршиле во болница, а причина за несреќата е неприлагодена брзина. 

Како што јавуваат мексиканските медиуми, Жоао Малек предизвикал сообраќајка во која смртно настрадале Алехандро Кастро и Марија Пења.

“Воопшто не кочел, толку брзо возел што ги отфрлил 10-15 метри”, раскажал роднина на настраданите.

Предупредување! Вознемирувачко видео:

Медиумите пишуваат дека фудбалерот на Севиља возел во видно алкохолизирана состојба, но сè уште нема официјална потврда за тоа бидејќи бил подложен на алкотест по доаѓањето во болница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг