Симеоне: Сите си ја трескаат главата со Марадона, но Меси се натпреварува само со еден играч!

Дерби

25/06/2019

20:30

2.946

Големина на фонт

а а а

Диего Пабло Симеоне ја искористи оваа летна пауза за да се венча со својата долгогодишна сопатничка, но покрај малата церемонија, тренерот на Атлетико Мадрид во последно време е крајно популарен за аргентинските медиуми кои на најдобар можен начин го искористија неговото присуство во родната земја.

Популарниот Чоло пред неколку дена излезе со еден крајно интересен заклучок за Лионел Меси, а сега надоврзувајќи се на ова во последното интервју за „Ла Насион“, аргентинскиот стручњак излезе со една теза која привлече навистина големо внимание во јавноста.

– Она што Меси го прави исклучителен и поразличен од другите е тоа што не го интересира апсолутно ништо. Сака само да победува и да постигнува голови. Го ставаш во формација 4-4-2 со Валверде, во 3-5-2 со Луис Енрике и во 4-3-3 со Гвардиола како лажна деветка, а тој секогаш игра и одговара како што треба. Единствено што го интересира е да има околу себе тим кој размислува исто како него, а тоа е победата. Сите си ја трескаат главата размислувајќи дека тој цело време се натпреварување со Марадона, со аргентинската историја. Јас мислам дека тој се натпреварува само со еден играч, со Кристијано Роналдо. Нивното ривалство направи и двајцата да бидат многу подобри. Секако дека сака да биде светски шампион, ја сака и Копа Америка, но тој се натпреварува само против Роналдо, – порачува Чоло.



Спонзорирани линкови

Маркетинг