Најлуксузниот кросовер на Ауди деновиве ја доби својата помоќна “S” верзија која навистина изгледа импресивно.
SQ8 пристигнува во уште помоќно издание за кое е задолжен TDI моторот. Под хаубата на овој „ѕвер“ се крие 4.0 литарски V6 Twin-Turbo мотор кој развива 435 коњски сили и 900 Nm максимален обртен момент.
Овие бројки го прават SQ8 најмоќниот SUV во Европа, а новиот адут на Ауди кој тежи неполни два и пол тониод 0 до 100 километри на час забрзува за 4,8 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.
Од Ауди одлучија новиот SQ8 да добие и хибридна помош, која на овој SUV му овозможува крстарење при брзина од 160 километри на час со исклучен дизел мотор. SQ8 стандардно доаѓа со воздушна суспензија, 21-инчни фелни и „сериозен“ аеродинамичен пакет со нагласени спортски линии.
Кога станува збор за внатрешноста, SQ8 е практично ист како и основниот модел, со тоа што има некои унапредувања и “S” спортски седишта. Почетокот на продажбата на SQ8 е најавен за кон крајот на оваа година, а почетната цена ќе се движи околу 100 илјади евра.