Сите бјути предности од морската вода

Точка

25/06/2019

17:10

2.249

Големина на фонт

а а а

Сите неизмерно се радуваме на почетокот на летото, бидејќи тоа значи дека сезоната на годишни одмори и одењето на море е веќе на прагот.

Меѓутоа, кога ќе дојде лето, се зголемуваат грижите за нашата нега и заштита на кожата од претерано изложување на сонце. Меѓутоа, за време на престојот на море, постојат некои бјути производи кои морската вода може во целост да ги замени.


На сите нѝ е познато дека солената вода благотворно влијание и на здравствената состојба на нашиот организам, а посебни бенефити има и за нашата кожа. Природната морска сол е исклучително здрава и има терапевтски својства, а особено позитивно влијае на кожата на лицето и косата. Капењето во морска сол претставува природно снабдување на витамини и минерали кои му се потребни на телото, како што е натриум хлоридот, магнезиумот и калиумот.

Кога е во прашање нега на кожата, морската сол поради богатиот состав често може да се најде како основна состојка на најразлични козметички препрарати, но сепак, најдобро е да ги искористите бенефитите на морската сол во нејзиниот природен облик. Покрај тоа, таа е одлично антибиотско средство и превентивно делува на воспалителните процеси на кожата.


Секојдневно капење во морска вода, за само неколку денови видливо ќе ви ги намали проблемите со митесерите и акните.

Покрај сите бенефити кои морската вода ги носи со себе за кожата на лицето, исклучително позитивно влијае и на кожата на телото, ги намалува стриите и помага во борба со целулитот. Нормално, во борбата со целулитот таа е само уште еден сојузник, но без тренинг, прилагодена исхрана и длабоки масажи, морската сол сама по себе е немоќна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг