Мислеле дека е болен, а тој е чудо од Балканот: Ова е највисокиот кошаркар на светот кој наскоро ќе стане НБА ѕвезда

Точка

25/06/2019

16:45

8.589

Големина на фонт

а а а

Бобан Марјановиќ (222 центиметри) е моментално највисокиот кошаркар во НБА лигата, но наскоро би можел да го надмине Роберт Боброзки, новото чудо од Балканот. Со неполни 19 години, Унгарецот роден во Романија е највисокиот кошаркар на планетата (231 центиметар), дури 9 центиметри повисок од српскиот џин.

Роден е во Арад, неговиот татко се занимавал со кошарка, а неговата мајка со одбојка и ракомет. Веќе на 12 години ја надминал висината на својот татко и стигнал до 218 центиметри. Поради ненормалниот раст бил мета на медицински испитувања, но востановено е дека Роберт е чудо на природата. 

Наглиот раст го должи на генетиката, иако сите мислеле дека Роберт има хормонски пореметувања. Боброзки ја напуштил Романија на 14 години и заминал во италијанскиот клуб Стела Азура во кој првите чекори ги направи кошаркарскиот ас Андреа Барњани, некогашниот прв пик на драфтот во НБА лигата.

Роберт со својата појава отскокнувал од врсниците, но му недостигала мускулна маса и подвижност. Имал многу нестабилен чекор, а пред неколку години стана интернет сензација.


Пред три години се преселил во Америка, на институтот “Спајр” кој го основал Олимпискиот комитет на САД, а од јануари 2018 година ја посетува академијата “Гранд Ривер”. Зборува неколку јазици, меѓу кои е и српскиот јазик.

Ако ѕвездите му бидат наклонети на Роб Боб (како што го нарекуваат), тој ќе стане наследник на познатиот сонародник Георге Мурешан во НБА.

Мурешан играше во најмоќната светска лига за Вашингтон и Њу Џерзи и ќе остане запаметен како највисок кошаркар покрај Мануте Бол во историјата на НБА со 231 центиметар. Токму толку центиметри денес има Боброзки кој би можел да биде новата светска кошаркарска сензација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг