Тимскиот шеф, Кристијан Хорнер, немаше пофалби за перформансите на својот возач, додавајќи дека е разочаран во неспособноста на возачот да ја подобри својата позиција по паметната стратегија и брзото менување во бокс.
Гасли беше промовиран во Торо Росо по заминувањето на Даниел Рикардо во Рено, а Ред Бул не го кријат фактот дека трансферот бил порано од планираното за французинот.
Ред Бул не покажуваат сочувство кон возачи кои не испорачуваат, а доказ за тоа беше и промената помеѓу Макс Верстапен и Даниил Квјат. Изненадувачки, Квјат е веројатниот кандидат кој би го заменил Гасли доколку се донесе таква одлука.
Русинот се врати во Торо Росо за 2019 година и досега има импресивни перформанси, освојувајќи поени во четири трки годинава.
Хелмут Марко од Ред Бул за време на Француското Гранд При беше забележан во дискусија со менаџерот на Квјат, Николас Тод, но тој вели дека планот е Гасли да ја заврши сезоната.
„ЈАС РАЗГОВАРАМ СО МНОГУ ЛУЃЕ, РАЗГОВАРАВ И СО ТАТКО МУ. ГАСЛИ ТРЕБА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СВОЈАТА БРЗИНА ВО ФРАНЦИЈА. НИЕ ПЛАНИРАМЕ ДА ЈА ЗАВРШИМЕ СЕЗОНАТА СО НЕГО“.