Tепачка на паркинг во Струга: Прво “удриле“ по луксузниот автомобил, а потоа и по шоферот

Точка

25/06/2019

23:22

14.226

Големина на фонт

а а а

На паркинг на улицата „Маршал Тито“ во Струга, нарушен бил јавниот ред и мир со насилство извршено од неколку лица врз 27-годишно лице од струшкото село Заграчани, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Се претпоставува дека причините за тепачката се поради паркинг место, а на видео-записот се гледа како еден од автомобилите, „мерцедес“, е многу оштетен. 

Фејсбук страната VOX Струга, објави нецензурирана снимка од вознемирувачка тепачка меѓу неколкуте мажи на паркингот во Струга.

Едно лице направи поголема штета врз автомобилот, чиј возач пак се обиде да се спаси налетувајќи кон нив со голема брзина. 

На автомобилот му беа искршени задното стакло, предната десна врата, а имаше штета на дел од каросеријата. 

Но, само неколку минути по објавата на снимката која најверојатно била направена од некој стан во близина или хотелска соба на која се слушаа женски гласови, таа беше отстранета од страницата VOX Струга. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг