Пресврт во љубовниот триаголник: Гага и Купер заминуваат за Шкотска?

Точка

24/06/2019

20:18

8.443

Големина на фонт

а а а

Светските медиуми и папараци и понатаму го следат секој чекор на Лејди Гага и Бредли Купер, а фановите ширум светот се сè повеќе уверени дека пејачката и актерот се “сплеткале” во текот на снимањето на филмот “A Star is Born”.

За работите да бидат уште “посочни”, медиумите сега пишуваат дека за неколку дена тие би требало да отпатуваат за Шкотска, каде ќе настапат на фестивалот Гластонбери. 


Така барем тврди Едит Боумен, позната тамошна ТВ водителка која открила дека во својата емисија ќе го угости славниот актер кој би требало, како што вели таа, да отпее една или две песни со Лејди Гага, ама “тоа е сè уште тајна”.

Новинарите неодамна утврдија дека Гага се држи понастрана од Бредли и се чувствува лошо бидејќи целиот свет зборува дека таа му ја упропастила врската со Ирина Шајк, но изгледа дека сепак одлучила да ја стави работата пред приватниот живот и да отпатува во Велика Британија со него.


За потсетување, извор близок до пејачката тврди дека таа се чувствува лошо поради целата ситуација:

“Се чувствува лошо поради нивното раскинување и ја гризе совеста. Не планира врска со актерот, жал ѝ е за Ирина бидејќи е свесна дека гласините за нивната афера придонеле за раскинувањето и дека филмот во кој глуми со Бредли влијаел на неговиот однос со Ирина”, рекол изворот за американското списание “US Weekly”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг