Новиот MacBook Pro на Apple пристигнува во септември

Точка

24/06/2019

18:30

1.283

Големина на фонт

а а а

Редизајнираниот 16-инчен MacBook Pro на Apple би требало да пристигне на пазарот веќе во септември оваа година.

Како што пренесува “The Verge”, според најавите на познатиот аналитичар Џеф Лин, новиот лаптоп на американскиот гигант ќе користи LCD екран од LG Display со резолуција од 3072х1920. Тоа би претставувало зголемување во однос на актуелниот 15,3-инчен MacBook кој има резолуција на дисплеј од 2880х1800.

Новиот 16-инчен MacBook Pro исто така ќе биде опремен со најновиот процесор на Apple, што секако не е изненадување.

Apple минатата година ја „ажурираше“ MacBook Pro линијата, додавајќи им на овие уреди уште помоќни процесори и уште една надградба на дизајнот на тастатурата кој од револуционерен, се претвори во навистина проблематичен.


Претходно, аналитичарот Минг-Чи Куо откри дека Apple ќе претстави и 13-инчен модел MacBook Pro со 32 GB RAM меморија, додека со таква меморија моментално располага само 15-инчниот MacBook Pro.

Исто така, се очекува новите MacBook Air и 13-инчниот MacBook Pro да добијат надградба на процесорите. Од друга страна пак, нема никакви новости за 12-инчниот MacBook кој нема надградба повеќе од две години.

Покрај новиот MacBook Pro, Apple оваа година ќе претстави и 32-инчен 6К монитор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг