Ford подготвува уште поекстремно издание на култниот модел GT

Точка

24/06/2019

17:18

2.051

Големина на фонт

а а а

Ford GT заврши со професионалното натпреварување на „24 Ле Ман“ овој месец, а Ford сега подготвува изненадување кога станува збор за серискиот модел.

Новитетот кој ќе дебитира на „Гудвуд фестивалот на брзината“ идниот месец, ќе биде сличен на тркачката верзија. Оваа вест ја потврди првиот човек на Global Performance одделот при Ford, Херман Саленбах, а од Ford исто така објавија и една фотографија.

Новиот GT ќе ги задржи тркачките „додатоци“ како спојлерот и отворот на покривот, па се шпекулира дека моделот би можел да се користи и за трки. Според многумина, ова ќе биде одговорот на Porsche 911 GT3 RS, а фабричкиот 3,5-литарски агрегат речиси сигурно ќе добие повеќе сила од актуелните 647 коњски сили.


Покрај овој „специјален“ GT, на „Гудвуд фестивалот на брзината“ Ford ќе претстави уште неколку специјални модели – тука е новиот Mustang Shelby GT500 кој ќе развива дури 760 коњски сили, новиот Focus ST, потоа Fiesta од рели шампионатот, познатиот Capri Turbo Zakspeed од осумдесетите, неколку специјални модели кои ги возел Кен Блок, шампионскиот Mustang RTR од дрифт серијата, неколку модели од NASCAR и слично.



Спонзорирани линкови

Маркетинг