Дали ја јадете храната која ви паѓа на под?: Научниците конечно откриваат дали смееме да го правиме тоа

Точка

24/06/2019

11:03

2.416

Големина на фонт

а а а

Поголем дел од луѓето веднаш ја фрлаат храната која им паѓа на под, а не размислуваат за правилото “пет секунди“ затоа што сметаат дека штом храната паднала на нечиста површина треба да се фрли.

Дали сте слушнале за правилото “пет секунди“?

Станува збор за тоа кога храната ќе падне на под може да ја консумирате само доколку ја подигнете за пет секунди.

Ова правило има врска со студентката Џилијан Кларк. Таа учествувала во истражување на Универзитетот Илиноис, каде што на плочките поставила парчиња храна и ги оставила подолг временски период за да види дали за нив ќе се “закачи“ некоја бактерија.


Утврдено е дека количината на бактерии која ќе се залепи на храната зависи од тоа колку бактерии има на површната и дека нема врска тоа колку време храната е изложена на подот.
Не е сеедно ни тоа каква е површината на која храната паднала. На пример, на тепихот ќе има помалку бактерии отколку на плочки или дрвена површина. Се верува дека мазните површини се “поопасни“ кога станува збор за бактерии.  


Лепливите површини многу полесно ќе предизвикаат бактерии отколку сувите површини.

Но, поголемиот дел од луѓето веднаш ја фрлаат храната која им паднала на подот не размислувајќи на правилото од “пет секунди“ затоа што сметаат дека штом храната падналла на нечиста површина таа треба да се фрли.




Спонзорирани линкови

Маркетинг