Мајорка со епски пресврт се врати во Примера, Надал лудуваше на трибината

Дерби

24/06/2019

11:01

1.186

Големина на фонт

а а а

Мајорка направи епски пресврт и стана првиот тим во историјата кој по пораз од 2:0 се пласираше во Примера по одигрувањето на финалето на плеј-офот, откако изминатава вечер буквално го надигра Депортиво кој гледаше само како да го зачува својот гол.

Тимот од Балеарите предводен од френетичната атмосфера на „Иберостар“ стадионот постигна три гола во реваншот и направи вистинска сензација, а достигнувањето е уште позначајно бидејќи Мајорка минатата година се натпреваруваше во третата шпанска лига. Клубот во кој свои акции има и НБА легендата Стив Неш во новата сезона ќе го гледаме во Ла Лига, но сепак изминатава вечер вистински хит на трибините на стадионот беше Рафаел Надал кој со сето срце навиваше за клубот од неговиот роден крај.

„Кралот на земјата“ се соживеа со атмосферата и лудуваше на трибините, а посебно беше радосен кога Мајорка го постигна третиот гол со кој стигна најблиску до целта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг