Иџе излезе со завршен коментар за катастрофалниот третман од италијанските судии

Дерби

24/06/2019

10:57

1.275

Големина на фонт

а а а

Игор Стефановски беше посебно бесен по крајот на првата трка на Имола кога му беше одземена победата со казна од пет секунди, но како тоа да беше малку, македонскиот возач доби уште подебела казна на втората трка која се возеше вчера.

Во моментите кога стигна од седмото до третото место, судиите го казнија Иџе со драконски 25 секунди за еден инцидент од почетокот на трката, па во знак на протест и голем револт, Стефановски се повлече во гаражата и влезе во боксот на еден круг пред крајот. Македонскиот автомобилист на тој начин на најдобар можен начин искажа што мисли за смешните одлуки на стјуардите, а подоцна на социјалните мрежи излезе со завршен коментар за третманот кој го доби на овие две трки на ТЦР Италија.

– За жал не можеме ништо против одлуките на судиите, го имаат првиот и последниот збор. Сакам да се заблагодарам на луѓето кои беа овој викенд со мене, мојот тим кој направи се за да имам возило подготвено за подиум, моите спонзори без кои ова не би било возможно, луѓето од мојот клуб кои дават се од себе да ги имам сите потребни услови. За жал, сепак други одлучуваат за пласманот. Иако требаше двапати да бидеме на пиедестал, тоа не се случи. Благодарност на сите за огромната подршка која ми ја давате,се надевам не ве разочарав. Се гледаме во Македонија!, напиша Иџе на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг