Срамота! Им се смее цел свет! Американските војници на НАТО вежбите нападнале поле со пченица: Упс, се изгубивме...

Точка

24/06/2019

10:53

6.032

Големина на фонт

а а а

Селаните од Селница, мало романско село југоисточно од Букурешт, снимиле како американските војници кои учествуваат во воената вежба "Сајбер Гардијан 2019" влегуваат со тенкови и оклопни возила во нива и брутално газат неколку хектари пченица пред да сфатат дека се изгубиле.

Американската војска учествува на вежбите со романска, бугарска, унгарска, албанска, босанска и турска војска, но на патот во Бордусани, каде сите го почекале да се појават на воената вежба, дел од американските трупи го згрешиле патот - и влегле директно во нива. 

Бесните селани веднаш повикале полиција, која одвај ги смирила и објаснила дека Америка не ја нападнала Романија, туку војниците погрешиле. Сепак, им уништиле неколку хектари од посевите, а во тек е процена на штетата. Американците се правдаат дека за се е виновно времето.

"Нашите единици свртеа на полето поради опасните временски услови", соопштиле тие. На вежбата задоцниле, а притоа уништиле и неколку хектари пченица.

Штетата уште се проценува, а локалните власти веќе започнале постапка за добивање на компензација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг