Помпео: Треба да се изгради глобална коалиција против Иран

Макфакс

24/06/2019

10:38

1.029

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, рече дека сака да изгради глобална коалиција против Иран за време на итните консултации на Блискиот Исток.

Помпео ова го изјави пред да замине во Саудиска Арабија, пренесе агенцијата АП.

Тој порача дека сака коалиција, не само меѓу земјите од Заливот, туку и во Азија и Европа, кои, како што рече, го сфаќаат предизвикот.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно објави дека САД денеска ќе воведат нови санкции против Иран, пренесува „Танјуг“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг