Америка повторно предизвикува на границата со Украина: Прво пратиле дрон над Донбас, а потоа и многу моќен авион

Точка

24/06/2019

08:28

3.770

Големина на фонт

а а а

Две американски летала биле забележани во близина на рускиот полуостров Крим, а станува збор за дронот "Global Hawk" и противбродскиот авион P-8A Poseidon, пренесува порталот "Plane Radar".

Како што се наведува, дронот уште утрово полетал од НАТО базата Сигонела во Италија, го прелетал воздушниот простор на Бугарија во 11:25 часот по локално време, и пристапил на мисијата за набљудување на линијата на разграничување во Донбас. 

Порталот исто така тврди и дека дронот ја надлетувал територијата три и пол часа, а потоа полетал кон рускиот брег на Црното море.

Истовремено, во предвечерните часови противбродскиот авион на американската војка P-8A полетал од базата Сигонела. Меѓутоа, тој веднаш се упатил кон јужните граници на Крим и летал на висина од околу 8 километри при брзина од 792,5 километри на час.

Во еден момент, како што пренесуваат руските медиуми, овој авион се нашол на оддалеченост од 32 километри од брегот на Севастопољ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг