Чешка е на нозе: Три децении немало вакви протести, стотици илјади граѓани бараат оставка на премиерот

Точка

24/06/2019

11:21

2.654

Големина на фонт

а а а

Над 250 илјади граѓани вчера протестираа во главниот град на Чешка, барајќи оставка од премиерот Андреј Бабиш.

Како што пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, ова е најголем израз на незадоволство на граѓаните преку протести уште од 1989-та година кога беше срушена комунистичката власт.

Собирот во паркот „Летна“ беше врвот на низата на демонстрации во изминатите неколку седмици против Бабиш, кој се соочува и со истрага поради наводна измама и судир на интереси.


Од организаторите на протестот соопштија дека само на протестот во Прага вчера присуствувале над 250 илјади луѓе. Учесниците на протестот носеа транспаренти на кои пишуваше „Оставка“ и „Доста е“, а се вееја и знамињата на Чешка и Европската унија.


Полицијата во април предложи милијардерот Бабиш, кого го споредуваат со американскиот претседател Доналд Трамп, да биде официјално обвинет за измама, откако пред 10 години ги искористил субвенциите на Европската унија за изградба на хотел и конференциски центар во околината на Прага.



Спонзорирани линкови

Маркетинг