Момчето ја запросило со уникатен прстен, но интернет корисниците ја нападнале поради нехигиена

Точка

23/06/2019

20:17

8.848

Големина на фонт

а а а

Непозната жена на социјалните мрежи неодамна се пофалила со необичен веренички прстен со кој ја запросил нејзиниот партнер.

Иако мислела дека на другите ќе им се допадне исто како на неа, таа доживеала сосема поинакви реакции. Освен што на луѓето не им се допаднал прстенот, многумина веднаш ги забележале вештачките нокти за кои сметаат дека се многу лошо направени и дека изгледаат ужасно.

„Воопшто не можам да го погледнам прстенот покрај овие нокти“, напишала една корисничка, а друга додала: „Ужас, сигурно се валкани одоздола“.


Фотографијата била објавена и во групата „That's It, I'm Nail Shaming“, каде нејзините нокти наишле на уште лоши коментари. Она што му засметало на еден Фејсбук корисник е фактот дека жената се фали со луксуз, а притоа не се занимава со работи како средени нокти.

„Оваа жена има еден куп фотографии во кои покажува колку е богата, а не може да си најде добар козметичар“, напишал еден член од споменатата група.




Спонзорирани линкови

Маркетинг