Сопругата на Вил Смит пред својата ќерка признала дека имала секс во тројка

Точка

22/06/2019

16:37

11.319

Големина на фонт

а а а

Џејда Пинкет Смит, сопругата на актерот Вил Смит, во својата реалити емисија “Red Table Talk” која се емитува преку интернет и во која се зборува на сите теми, открила едно свое сексуално искуство и тоа пред ќерката Вилоу која заедно со неа учествува во секоја емисија.

Иако на почетокот било интересно откривањето на семејните тајни и “валканиот веш”, многумина сметаат дека Џејда со своето признание отишла предалеку кога пред керќата открила дека имала секс во тројка. 


“Имав тројка еднаш. Бев многу, многу млада. Во прашање беа раните деведесетти”, изјавила Пинкет Смит, поради што Вилоу накратко се засрамила.

Претходно во емисијата, Џејда открила дека била зависник од порнографија и дека нејзината баба ја научила како да се самозадоволува. Сето тоа го слушала и нејзината ќерка која исто така признала дека научила сè за сексот од нејзините родители и дека еднаш ги затекнала “во акција”, но тие не знаеле за тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг