Километарски колони на границата со Грција

Макфакс

22/06/2019

11:20

1.833

Големина на фонт

а а а

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на ГП Богородица и Табановце каде времето на чекање е околу 30 минути.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



Спонзорирани линкови

Маркетинг