ФИА го забрани „сечењето“ ленти во Франција

КРУГ.МК

21/06/2019

15:45

1.421

Големина на фонт

а а а

Автодромот е повеќенаменски, има огромен број на конфигурации што значи дека областите за излетување се асфалтни, а лани многу возачи го користеа тоа, шиоко минуваа низ кривините и “сечеа“ дел од нив без при тоа да загубат време.

На првите две кривини има поставено жолти и црвено-бели столбчиња, а од 3от до 5от свиок е појаснето точно што смее да прават возачите и до каде смеат да ги носат болидите во тој сектор кривини.

Секој кој нема да успее да го мине вториот свиок на патеката и ќе мине десно од првите столбчиња мора да продолжи да вози таму и да се приклучи на патеката со минување низ следните црвено-бели столбичња крај патеката.

Во внатрешниот дел на 4от лев свиок кој следува по третиот кој е во десно, поставено е едно жолто флуоресцентно столбче во внатрешниот дел од апексот на кривината. Ноие кои ќе минат лево од тоа столбче мора да останат лево и да се вратат на патеката со минување низ следните двее црвено-бели столбчиеа пред да дојдат до 5та кривина.

Лани возачите имаа инструкции дека доколку не успеат да “ја фатат“ шиканата на Мистрал, мора да се приклучат на патеката низ секторот ле црвено-вбели столблчиња, но годинава секој случај ќе биде посебно разгледуван.



Спонзорирани линкови

Маркетинг