За светот сепак има надеж: Верверичка се заглавила во шахта - пожарникари, полицајци и ветеринари се здружиле да ја спасат

Точка

21/06/2019

16:09

2.097

Големина на фонт

а а а

Пожарникари, полицајци и ветеринари ги здружиле силите за да ја спасат црвената верверичка чија глава се заглавила во капак за шахта, во Дортмунд на западот на Германија.

Дортмундските пожарникари денес соопштиле дека вчера одговориле на повикот дека животното е во опасност на улицата покрај паркот во центарот на градот, пренесува "AP". 

Кога спасувачите пристигнале, виделе како главата на верверичката ѕирка од дупката на капакот на шахтата.

Првите обиди животното да се спаси биле неуспешни, па целиот капак бил изваден од шахтата и однесен во ветеринарната клиника во близина, а полицијата била повикана да ја набљудува отворената шахта.

Ветеринарите употребиле анестезија за да ја смират верверичката и потоа ја ослободиле.

Ветеринарите ги лечат површните рани на верверичката и очекуваат таа наскоро да биде вратена во дивина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг