Иако непосредно после раскинувањето е тешко да продолжите понатаму, важно е после некое време кога ќе ви „легнат мислите“, да си дадете шанса.
Можеби сè уште не сте сигурни дека е вистинско време за некому друг да му пружите шанса, но постојат јасни знаци дека сте целосно подготвени за ново емотивно поглавје.
Долго не сте помислиле ниту на едно момче, но сега забележувате дека вашиот колега има убава насмевка. Значи, старата приказна дефинитвно е завршена и сега сте подготвени да барате ново момче кое би можело да ве воодушеви и да ви ги избрише сите лоши искуства од минатите врски. Суптилното флертување е најдобар начин да стигнете до своите цели.
Можеби сте мислеле дека тоа никогаш повторно нема да ви се случи, но едно момче успешно ги буди вашите симпатии. Сè повеќе се смеете и едвај чекате негова порака. Тоа е јасен знак дека сте подготвени да почнете отпочеток.
Наместо носталгично да се сеќавате на моментите од претходната врска, сè повеќе размислувате за тоа каков потенцијал би можела да има врската во која сега сакате да се впуштите. Се грижите за себе и чувствувате дека раскинувањето од претходната врска било вистинска одлука.