Aston Martin со овој „ѕвер“ ќе се обиде да го сруши рекодот на „Зелениот пекол“

Точка

21/06/2019

15:59

2.050

Големина на фонт

а а а

Aston Martin во соработка со Red Bull успеа да создаде хиперавтомобил од кој застанува здивот.

Оригиналниот назив на овој автомобил беше AM-RB 001, но подоцна популарниот британски производител на автомобили одлучи да го преименува во Valkyrie.

Станува збор за автомобил кој има структура од карбон со подна аеродинамика и иновативен систем на суспензија. Тоа значи дека Valkyrie е супербрз, но истовремено и совршено избалансиран и удобен хиперавтомобил.


Иако до неодамна немавме многу детали околу перформансите и техничките спецификации на овој автомобил, од Aston Martin конечно открија дека Valkyrie го користи бруталниот 6,5-литарски V12 мотор кој развива неверојатни 1000 коњски сили.

Покрај тоа, од Aston Martin открија дека овој хиперавтомобил ќе се обиде да го сруши актуелниот рекорд на германската патека Нирнбургринг, позната како „Зелениот пекол“.

Инаку, рекордот на Нирнбургринг го постави Porsche 919 Hybrid Evo и изнесува 5:19.545. Креаторите на Valkyrie, сепак сметаат дека британскиот „ѕвер“ ќе го сруши рекордот и ќе биде новиот владетел на Нирнбургринг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг