Безглутенската храна е сè популарна во последно време, дел поради зголемената бројка на луѓе кои се алергични на глутен, а дел поради мислењето дека со безглутенската храна полесно се доаѓа до совршена линија.
Во која и група да спаѓате, за вас денеска имаме лесен и брз рецепт за подготовка на една безглутенска каша од кокос со чоколадо и ф'стаци.
- 100 мл. млеко;
- 30 мл. хопла;
- 1 јајце;
- 1 голема банана;
- 2 големи лажици кокосово брашно;
- растопена темно чоколадо;
- ф'стаци.
Изблендирајте банана со малку млеко, за да може да добиете хомогена смеса. Истурете го остатокот од млекото и хоплата во садот и загрејте ја смесата на тивок оган. Со постојано мешање, додадете го кокосовото брашно. Кога кокосот потполно ќе се растопи со млекото, додадете ја смесата од банани и продолжете да мешате. На крајот, додадете едно јајце во смесата и мешајте на тивок оган неколку минути, додека смесата не се згусне како каша. Сервирајте во тањирчиња и прелијте со растопената чоколада и ф'стаците.