Овој електричен авион се полни за еден час и може да лета до 160 километри

Точка

20/06/2019

19:55

2.521

Големина на фонт

а а а

„Pipistrel Alpha Electro“ е електричен авион кој може да прелета 160 километри, а сето тоа чини само пет долари.

Станува збор за првиот ултралесен авион со електричен мотор од сериско производство, чиј прототип се појавил уште во 2016-та година. Тежок е 300 килограми, вклучувајќи батерија од 100 килограми, а овозможува едноставен лет за двајца патници. Со едно полнење на батеријата, кое трае еден час, може да прелета 160 километри.

Авионот чини 140.000 долари, а го движи електрична моторна сила од 60 kW.

Досега се произведени вкупно 40 авиони за купци ширум Европа, САД и Австралија, а моментално воглавно се користи за часови по летање над аеродромите.

Клучниот проблем на ваквите авиони е недостатокот на инфраструктура за полнење на аеродромите.

Произведувачот тврди дека авионот подобро функционира за време на ноќта, бидејќи шансите за турбуленција се помали. Исто така, перформансите се подобри кога има само еден патник.

Првиот електричен патнички авион ќе го видиме за 50-на години, а помали авиони кои ќе можат да пренесуваат до четири патници, ќе се појават и порано. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг