Сари: Зошто Јувентус? Никогаш не сум видел ваква одлучност

Точка

20/06/2019

17:01

1.363

Големина на фонт

а а а

Поранешниот тренер на Наполи и Челси, Маурицио Сари и официјално беше претставен како нов тренер на Јувентус.

После долгите преговори, 60-годишниот Сари одлучи да го напушти лондонски Челси и да се пресели во редовите на Јувентус.

„Среќен сум што сум тука. Кога Јувентус ме контактираше чувството беше неверојатно. Никогаш не сум видел толкава одлучност на некој клуб во обидот да ангажира тренер. Тие беа одлучни и уверливи“, изјави Сари и додаде:

„Бев три години во Наполи, ги почитувам, но сакав да се вратам назад во Италија и пристигна понудата на Јувентус. Во животот почитувам се, давам 110% од себе за тимот за кој што работам и истото ќе го направам во овие бои. Нема потреба да се прави новела околу тоа“, изјави Сари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг