Хамес не би имал ништо против трансфер во Наполи...

Точка

20/06/2019

16:02

980

Големина на фонт

а а а

Откако истече двегодишната позајмица на Хамес Родригез во Баерн Минхен, Баварците потврдија дека немаат намера да го откупат неговиот договор.

Тоа значи дека Хамес се враќа во Реал Мадрид, но со оглед на тоа што Колумбиецот не е во плановите на Зинедин Зидан, јасно е дека ќе мора да побара нов клуб.

Изминативе денови колумбискиот репрезентативец се поврзува со трансфер во редовите на Наполи, а се чини дека Хамес би немал ништо против едно такво сценарио.

„Наполи има богата историја уште од времето на Диего Марадона. Мислам дека би ми било добро во еден таков контекст. Сепак, моментално размислувам само за репрезентацијата и Копа Америка“, изјави Хамес Родригез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг