Оваа жена секое утро ја пие својата урина и тврди дека тоа ѝ излечило многу болести

Точка

20/06/2019

16:16

1.973

Големина на фонт

а а а

Таа е успешна работна жена и инструктор по јога. Кајлеј Оклеј го откри бизарниот начин со кој ја одржува свежината на својата кожа.

Таа секое утро ја пие својата урина и ја полева кожата со неа, а потоа се тушира.

Таа тврди дека не само тоа што урината ѝ помага во чувањето на блескавата кожа туку и на тој начин ги излечила здравствените проблеми кои ја следеле цел живот.

На само 15 години утврдено ѝ е Хашимото, автоимуна болест. Потоа ѝ било дијагностицирано фибромијалгија, болка во мускулите на 'рбетот со чувство на замор.

„Бев болна и животот ми стана тежок“ - се присетува таа.

Пред две години ја открила терапијата со урината и била фасцинирана од тоа какви искуства имале луѓето со ова.

„Слушнав дека урината може да го ресетира нашиот имун систем и да направи нашата кожа да сјае“ - изјавила таа.


Таа секое утро пие урина, но само средните капки, затоа што првите и последните капки од урината најчесто се токсични.

„Вкусот не е најдобар, солено е и чувствувате некои минерали“ - откри таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг