Премиера: Ова е новиот BMW Series 8 Gran Coupe

Точка

20/06/2019

16:59

4.025

Големина на фонт

а а а

Баварски BMW и официјално го претстави новиот модел од Серија 8 - станува збор за „поголемиот“ Gran Coupe.

Gran Coupe верзијата на „осмицата“ во споредба со купе верзијата е подолг за 23 сантиметри, поширок за 3 и повисок за 5,6 сантиметри. Покрај тоа, меѓуосовинското растојание е продолжено за 20 сантиметри што нуди доволно место за патниците на задното седиште.

Во кабината доминира кокпитот познат од купе и кабриолет верзијата со 12,3 инчниот дигитален екран наместо аналогните инструменти, како и 10,25 инчниот екран на мултимедијалниот систем. Патниците ќе можат да уживаат во амбиенталното осветлување и Harman-Kardon аудио системот со 16 звучници.


Series 8 Gran Coupe пристигнува со три моторски варијанти. Основниот бензинец 840i има 6-цилиндарски 3.0 TwinPower Turbo мотор со 340 коњски сили и 500 Nm максимален обртен момент. Моторот пристигнува во комбинација со 8-степенски автоматски менувач, а ќе има и опција xDrive за погон на четири тркала.


Дизел верзијата е 840d со 3.0-литарски агрегат со 6 цилиндри кој испорачува 320 коњски сили и 680 Nm максимален обртен момент. Во врвот на понудата ќе биде M850i xDrive со 4.4 TwinPower Turbo V8 бензинец кој ќе испорачува 530 коњски сили и 750 Nm максимален обртен момент. Максималната брзина ќе биде електронски ограничена на 250 километри на час, а од 0 до 100 километри на час ќе забрзува за само 3,9 секунди.


Новиот Series 8 Gran Coupe во Германија стартува со цена од 91,500 евра, односно толку чини основната верзија 840i.




Спонзорирани линкови

Маркетинг