Путин продолжил со директната линија по сајбер нападот: Русија во 90-тите беше на раб на распад! Нема да кажам дека земјата ја водеше банда, но...

Точка

20/06/2019

15:44

5.010

Големина на фонт

а а а

Приемот на традиционалната емисија во живо "Директна линија", во која претседателот на Русија одговара на прашања од граѓаните на Русија за актуелни домашни и светски прашања, била прекината поради сајбер напад, но 20-тина минути подоцна сигналот се вратил.

Русија во 90-тите години била на работ на распад 

"Нема да ги наречам банда луѓето кои управуваа со државата во 90-тите години. Меѓутоа, сакам да истакнам дека во тоа време беше целосно уништена социјалната сфера, индустријата, воената индустрија, Вооружените сили беа практично уништени...Ја доведоа државата до граѓанска војна, до крвопролевање на Кавказ. Државата беше на раб да го изгуби суверенитетот и да се распадне. Секако, луѓето кои работеа во 90-тите не се виновни за тоа, но сигурно има и такви кои треба да одговараат за таквата состојба", рекол Путин.

Сајбер напад

За иронијата да биде поголема, сигналот се вратил баш кога во програмата се јавиле некои Украинци да прашаат за руски пасоши.

Емисијата влегла во третиот час, а Маргарита Симонјан, главна уредничка на RT, рекла дека нападот бил изведен од Украина.

##https://twitter.com/SputnikInt/status/1141663039428669440##

Кратко за Дoнбас

"Не обвинуваат дека работиме на окупација на Донбас. Тоа е чиста глупост, лага", заклучил претседателот.

Загуби од санкциите

"Не сме се расправале со никого, ниту имаме намера", одговорил Путин на прашањето што ќе биде ако Русија "се смири" со западните држави.

"Од 2014-та година Русија од санкциите изгуби околу 50 милијарди долари, Европа - 240 милијарди, САД - 17 милијарди долари, а Јапонија 27 милијарди долари", додал тој, зборувајќи за загубите од мерките кои Западот ги вовел против Русија откако Крим се вратил во нејзин состав.

Тој смета дека е тешко да се верува дека односот на Западот со Русија наскоро ќе се промени.

Во првиот час од интервјуто, претседателот на Русија одговорил на 12-прашања кои се однесувале на внатрешни проблеми.

"Потсетуваме, пред неколку години се соочивме со неколку шокови - тоа дури и не се надворешни шокови, поврзани со таканаречените санкции или надворешни ограничувања, туку со ситуациите на пазарите на робата која ја извезуваме - нафтата, нафтените производи, гасот, металите, хемиските производи и некои други производи. Затоа ни се случи толку непријатен елемент во економијата и социјалната сфера", рекол Путин.

Првите прашања, како и обично, се посветени на домашните работи. Денес Станислав Таукачикас од градот Светли од Калининградската област прв го прашал претседателот кога ќе пораснат платите на вработените во Министерството за итни реакции, бидејќи од сегашната не може да се живее. Путин признал дека тој ресор има проблеми, но дека се издвоени 4,3 милијарди рубљи оваа година и уште 8 за наредната за тие проблеми да се решат.

Претседателот исто така побарал да се провери обраќањето на еден граѓанин, кој соопштил дека работи за 10.000 рубљи, или 130 евра. Тој смета дека тоа е против законот и побарал од надлежните органи да преземат мерки.

Путин 12 пати одговарал во својство на шеф на држава, а четири пати како премиер. Сам признал дека директниот контакт со граѓаните му дава верна слика за тоа што моментално го интересира и загрижува општеството.

До 9 часот пристигнале 1,5 милиони прашања. Како што соопштил портпаролот на Кремљ, Дмитирј Песков, Путин погледнал голем број на прашања и ги распоредил според приоритети.

Како што се очекува, претседателот оваа година би можел да побара извештаи од губернаторите, министрите и членовите на владата за актуелни прашања кои ги мачат граѓаните.

Потсетуваме, минатата година "Директната линија со претседателот Владимир Путин" траела 4 часа и 20 минути.




Спонзорирани линкови

Маркетинг