Ова ријалити шоу ги руши рекордите, но илјадници луѓе го пријавуваат поради содржината

Точка

20/06/2019

15:27

3.964

Големина на фонт

а а а

„Love Island“ моментално е најпопуларното шоу во Велика Британија, а освен добрите резултати, може да се пофали и со рекорден број на пријави од незадоволни гледачи.

Па така, во британската Канцеларија за комуникации уште од самиот почеток на новата сезона веќе се забележале повеќе од 1300, а 500 пријави пристигнале само во еден ден.

Дејли Меил пренесува дека гледачите непрекинато ѕвонат од петокот, од нив речиси 500 се јавиле поради турбулентната врска на кандидатите Маури и Том, а 300 се јавиле поради Луци и Џо. Накратко, се работи за Британци во рани 20-ти години, кои се малку повеќе страствени и скандалозни од сите кандидати што ги гледаме или сме ги гледале во слични домашни продукции.

Шоуто моментално е во четвртата сезона од своето емитување, а првата епизода, која на каналот „ITV2“ е емитувана на 4-ти јуни, привлекла рекордни четири милиони гледачи. Па така веќе првата епизода на „Love Island“ постана најгледаниот пренос после Летните олимписки игри во 2012-та година и тоа е и најголемиот успех за споменатата телевизија. Иако постојано им преговараат дека промовираат неморал, дивеење и алкохолизам, минатата година, на општо изненадување, освоиле и „Бафта“, претежно телевизиска и филмска награда на Велика Британија. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг