Кучето сака јогурт, но кога сопственикот ќе го погледне, станува ужасно срамежливо

Точка

20/06/2019

15:32

2.105

Големина на фонт

а а а

Неговиот израз на лицето говори повеќе од илјада зборови. Додека неговиот сопственик јадел јогурт и гледал телевизија, кучето седело и внимателно го набљудувало. Било потполно јасно дека и тоа сака малку јогурт, но постоел еден проблем – кучето било премногу срамежливо.

Неговата реакција го воодушевила сопственикот, а подоцна и остатокот од светот кога тој ја споделил снимката на интернет. 

Секој пат кога сопственикот ќе се свртел и ќе “фрлел” поглед кон своето милениче, тоа брзо се вртело на другата страна и глумело дека гледа нешто сосема друго. Тоа се повторувало на секои неколку секунди, а искрено се надеваме дека на крајот симпатичното куче добило барем малку јогурт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг