Македонско електрично фиќо на страниците на „Њујорк тајмс“

Нетпрес

20/06/2019

14:45

7.162

Големина на фонт

а а а

Првиот електричен автомобил ЗАС Г20 произведен и развиен во нашата земја се најде на страниците на „Њујорк тајмс“ опишувајќи го како трансформација на малиот култен автомобил „застава 750“ од времето на социјализмот во возило од електричната ера.

ЗАС Г20 е развиен од македонската компанија „ВВ Класик карс“ со помош од Фондот за иновации и технолошки развој во рамки на борбата против енормното загадување во земјата.

Бензинскиот мотор е заменет со електричен произведен од германската компанија „Кесер“ и има нулта емисија на јаглероден диоксид, а со едно полнење може да помине до 150 километри во реални услови на возење. Цената е околу 20 илјади евра, пишува „Њујорк тајмс“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг