Дали е ова новиот "Бондмобил"?

Точка

20/06/2019

14:25

1.613

Големина на фонт

а а а

"Aston Martin" пред неколку дена открил дека новиот хиперавтомобил на овој произведувач ќе се нарекува "Valhalla", а на интернет веќе се шпекулира дека токму тоа би можело да биде главниот автомобил на Џејмс Бонд во следниот филм на оваа франшиза.

На снимката која неодамна протекла од сетот на 25-тото продолжение од серијалот за тајниот агент 007 го видовме класичниот Aston Martin V8 Vantage од 1980-тите, но и натаму не е познато кој современ автомобил на овој произведувач ќе го вози Даниел Крег во тој филм. Меѓутоа, сајтот This is Money тврди дека тоа ќе биде Aston Martin Valhalla. 

Доколку се покаже дека оваа информација е точна, веројатно се работи за прототип, со оглед на тоа дека Valhalla е во раната фаза на развојот, а првите испораки за купувачите се очекуваат дури во 2021-ва година.

Станува збор за хиперспортски автомобил кој ќе биде направен во ограничена серија од само 500 примероци и кој ќе чини околу милион евра.

Aston Martin Valhalla ќе има хибриден погон кој се состои од V6 турбо-бензинец и електромотор, со вкупна сила од околу 1.000 коњски сили. Автомобилот ќе забрзува од 0 до 100 km/h за 2,5 секунди и ќе достигне максимална брзина од 350 km/h.



Спонзорирани линкови

Маркетинг