Шелдон за клучниот момент од неговиот живот: „Долго криев дека сум хомосексуалец“

Точка

20/06/2019

14:16

2.738

Големина на фонт

а а а

Пред седум години, откако влезе во Бродвејскиот мјузикл „Нормално срце“, Парсонс призна дека е хомосексуалец. Самиот мјузикл се занимава со хомосексуална тематика.

Актерот Џим Парсонс (46), најпознат по улогата на Шелдон Купер од серијата „Big Beng Theory“, горд член е на LGBTQ заедницата, но долго време ја криеше својата сексуална ориентација пред семејството и пријателите. За списанието „Variety“ тој јавно прозборе за трауматичниот период низ кој поминал.


Пред седум години откако заиграл на Бродвејскиот мјузикл „Нормално срце“, Парсонс признал дека е хомосексуалец. Мјузиклот се занимава со хомосексуална тематика, а по неговото признавање го пресретнал продуцентот Тод Спивак (42) со кој денес е во брак.

„Не сакам да ги навредам мажите со кои без во врска пред Тод, но некаде длабоко во себе веднаш знаев дека немам избор, а да не се позанимавам со него. Не дозволувајќи им да ја запознаат таа личност би значело и службено поставување бариери кои се за цел живот“ - изјавил “Шелдон“.


Откако признал дека е хомосексуалец, Шелдон чувствувал големо олеснување.

„Сега доколку имате проблем со хомосексуалците, однапред ќе имате проблем со мене. Станувајќи предаден член и признавајќи го тоа јавно станав ентузијаст и сè уште сум“ - изјавил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг