Членовите на босанската влада со воз заминаа на седница во Мостар

Макфакс

20/06/2019

13:41

1.059

Големина на фонт

а а а

Членовите на Владата на Федерацијата на БиХ денеска со воз допатуваа на седницата во Мостар, што е симболична поддршка на Железницата, која постојано добива и финансиска поддршка од државата.

Членовите на федералната влада од Сараево со воз патуваа до Мостар, каде што денес се одржува 183-та седница. Како што е истакнато, станува збор за безбеден, удобен, брз и економичен начин на патување.

Благодарение на железничката пруга Сараево-Мостар, истакнатиот британски Гардијан минатата година ја рангираше Босна и Херцеговина меѓу 18-те земји во светот, каде најдобро може да се доживее патувањето со воз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг