Може да ве изненади: Листата од 9-те најскапи серии на сите времиња

Точка

20/06/2019

13:09

3.696

Големина на фонт

а а а

Буџетите од телевизиските серии опасно се приближија на филмските, баш како и хонорарите на главните ѕвезди. Необичен пресврт, затоа што телевизијата, во актерска, но и во продукциска смисла, во минатиот век беше синоним за нешто помалку вредно или квалитетно од филмот.

Но, потоа дојде 21-от век, а со него и “прекрасните“ буџети од кои некои се доволно големи за телевизиските канали, а „Digital Spy“ го дава пописот на најскапите, но не мора да значи и најуспешни серии.

1. „Game of Thrones“  

Во шестата сезона од мегапопуларната „HBO“ серија трошокот на една епизода се зголемил на повеќе од 10 милиони долари. Иако бројот на епизоди во седмата и осмата епизода се намали, буџетот за сезоните останал ист, што значи дека епизодите станале уште поскапи, а во последната сезона трошокот за само една епизода се зголемил на неверојатни 15 милиони долари. Милиони обожаватели се согласуваат со тоа.

2. „The Crown“

Не е баш евтино доверливо да го имитирате животот на британските кралеви и кралици, а кога на сето тоа ќе го додадете и големиот број на ликови (односно износот на хонорарот за актерите) ќе добиете уште еден рекордер. Драмата на „Netflix“ чини околу 13 милиони долари по епизода, односно 130 милиони по сезона.

3. „ER“

Некогаш најпопуларната серија за доктори немаше историска сценографија и многу специјални ефекти, но затоа тогаш го имаше најскапиот телевизиски актер на светот, Џорџ Клуни, а секоја епизода чинела по 13 милиони долари.

4. „Band of Brothers“

Во сè што учествува Стивен Спилберг, традиционално ги побива буџетите, па така и неговата епска воена серија за завршувањето на Втората Светска војна во продукција на „HBO“. Костимите, големата актерска екипа и снимање на локации по Европа го чинеле овој проект по 12.5 милиони долари од епизода.

5. „The Get Down“

Музичката екстраваганција на Баз Лухрман го чинела „Netflix“ 11 милиони долари по епизода, но сепак не ги оправдала очекувањата па е укината по првата сезона, односно единаесетте епизоди.

6. „Friends“

Во својата десетта и последна сезона, главната постава на легендарните „Пријатели“ успеала да се избори за хонорар од милион долари по епизода. Тоа се шест милиони долари за актерите од 25-минутната епизода на хумористичната серија, а кога на тоа ќе ги додадете останатите трошоци ќе добиете сметка од 10 милиони долари по епизода.

7. „The Rome“

Иако на почетокот беше голем хит, серијата „The Rome“ во 22-та епизода сериозно падна од листата на најгледани серии. Наместо публиката неа ја обожуваа критичарите па ја укинаа по две сезони, а „HBO“ здивнал затоа што 9 милиони долари по епизода за лошо гледана серија е премногу дури и за најголемите телевизии.

8. „Marco Polo“

Амбициозната историска драма го чинела „Netflix“ 9 милиони долари по епизода, а во две сезони снимање вкупниот трошок бил зголемен на неверојатни 200 милиомни долари.

9. „Sense8“

Оваа серија имаше голема “армија“ на обожаватели, но според мислењето на „Netflix“ сепак недоволно голема за да ја одржи во живот. Чинела речиси девет милиони долари по епизода, а успеала да преживее само две сезони.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг