Трансфер целта на Манчестер Јунајтед на разговори со својот клуб: Вест Хем бара играч на „ѓаволите“

Дерби

20/06/2019

12:20

1.420

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите спортски медиуми во светот „Скај Спортс“ пренесува дека трансфер желбата на Манчестер Јунајтед, Иса Диоп побарал разговори со челниците на Вест Хем.

Истите треба да се одржат следната недела и на нив ќе биде разговарано за иднината на стоперот за кого сериозно загризаа „црвените ѓаволи“. Диоп изразил подготвеност и да остане меѓу „чеканите“, но ќе им посочел на првите луѓе на клубот дека не би имал ништо против и за трансфер на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед планира да испрати понуда во висина од 45 милиони фунти за неговите услуги и плус да вклучи некој играч од одбраната, додека од Вест Хем се распрашувале за можноста да го ангажираат младиот Скот Мектомини.

Сепак, од Јунајтед одбиле можност да го пуштат Мектомини да замине, барем и на позајмица, затоа што веруваат дека тој ќе игра важна улога следната сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг