Шек нема дилеми: Легендарниот О’Нил ги избра трите најголеми „ѕверки“ во НБА лигата

Дерби

20/06/2019

12:07

1.277

Големина на фонт

а а а

Шекил О’Нил е еден од играчите кој одбележа една ера во НБА лигата, играч за кој многумина сметаат дека е најдоминатниот центар во историјата на најквалитетното натпреварување на планетава.

Токму поради ова и поради се што има постигнато во кариерата, зборот на Шек има голема тежина, па така е во овој случај во кој тој имаше можност да ги посочи трите најдобри играчи во моментов во НБА лигата.

- Ленард игра вистинска игра. Кога судиите нема да досудат лична грешка над него, тој не покажува незадоволство, едноставно игра. Кавај е мешавина на старата и новата школа. Можеби е меѓу тројцата водечки во лигата. Леброн е на првото место, а Дурент е најблиску до втората позиција, - истакна поранешниот ас на Лос Анџелес Лејкерс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг