Адел се “преполови“ по разводот: На последната фотографија е таква “мачка“ што ќе ви застане здивот

Точка

20/06/2019

22:01

17.046

Големина на фонт

а а а

Популарната Адел повеќе не е буцка туку сериозна сексапилна убавица. Адел (31) по разводот од сопругот Сајмон Конецкиј (45), едвај личи на себе од пред неколку месеци затоа што се “преполовила“.

Тоа го докажуваат нејзините последни фотографии на кои се гледа дека е сериозна “мачка“, како што коментираат многуте луѓе на социјалните мрежи.

Фотографијата настанала во текот на турнејата на популарните „Spice Girls“, без Викторија Бекам, на стадионот „Wembly“ во Лондон.


Адел со музичката група која ја обожува, позирала во обична црна маичка, шарени панталони, со совршено уредна коса, а линијата на телото - неверојатна!

Да ве потсетиме дека разводот на бракот помеѓу Адел и Сајмон се случи не многу долго по нивната венчавка која беше во 2016-та година, која беше тајна и за неа се дозна дури во 2017-та година на доделувањето на Греми наградите, кога Адел нејзиниот сопруг и бракот ги спомна во нејзиниот говор.


„Адел се раздели од партнерот, но приоритетот им е одгледувањето на нивниот син Ејнџел“ - изјавила портпаролката на Адел.

Предбрачни договор помеѓу овој пар не постои, а со оглед на тоа дека Адел е “тешка“ над 80 милиони долари, нема сомнеж дека ја чека сериозна борба за недвижнините и богатството.




Спонзорирани линкови

Маркетинг