Воз полн со гранати и бомби излетал од шините: Американските власти предупредуваат – во возот има нешто уште поопасно!

Точка

20/06/2019

09:30

4.826

Големина на фонт

а а а

Американски воз кој превезувал бомби, гранати и опасни хемиски материи излетал од шините во близина на градот Елко во сојузната држава Невада.

На видеата кои се појавија на социјалните мрежи може да се види како неколку вагони се излетани од шините, а хемикалиите се излеваат од вагоните.

Градските власти веднаш ги предупредиле граѓаните, а од јавната безбедност потврдиле дека товарниот воз превезувал амониум-нитрат, бомби и гранати. Поради безбедносни причини, автопатот во близина бил целосно затворен за сообраќај.

Американските медиуми пренесуваат дека бела супстанца ја прекрила околината каде што се случила несреќата, а од канцеларијата на шерифот на округот Елко ги советуваат граѓаните да го избегнувааат местото поради излевањето на опасниот материјал.

Според локалните медиуми, возот го пренесувал амониум-нитратот за потребите на американската армија, но не се откриваат повеќе детали околу останатиот товар. Амониум-нитратот најчесто се користи во ѓубривата и експлозивите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг