Влезете во луксузната вила на Барбадос во која престојувал принцот Хари: Се продава за 35,4 милиони евра

Точка

19/06/2019

21:01

3.257

Големина на фонт

а а а

Луксузната вила на Барбадос, која ја посетувале луѓе како принцот Хари, сега е ставена на продажба и ќе ви биде потребна голема сума ако сакате да ја купите, пренесува "The Sun".

Пролетната куќа се наоѓа на престижниот западен брег на Барбадос и засега нејзината цена е 35,4 милиони евра. 

Бидејќи има 10 спални соби и панорамски поглед на Карипското море, не е ни чудо што имотот своевремено го привлекол принцот Хари таму да го мине одморот.

Тука војводата од Сасекс престојувал со принцот од Лесото, за да започнат поло куп во 2010-та година.

Ако мислите дека местото ви изгледа познато, тогаш сигурно сте го виделе во емисијата X Factor во текот на претходните години, кога ја користел Сајмон Кауел.

Други значајни гости биле Елтон Џон, Никол Кидман и Хју Грант. Кога подобро ќе ја погледнете куќата, не е тешко да сфатите зошто големите ѕвезди го сакаат ова место. Оваа куќа е една од најголемите на Барбадос.

Дизајнирана од корален камен, куќата е преполна со природна светлина, додека ветровите пријатно струјат и го разладуваат домот.

Во главната куќа има 7 соби, а постојат и три гостински куќички во приземјето на куќата.

Ова место има врвен фитнес центар и кујнски простор. Вилата ја окружува простран двор, базен, хидромасажна када и приватна скриена плажа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг