Џена Џејмисон, ѕвезда во филмовите за возрасни, објавила "некогаш и сега" фотографии на својот профил на Инстаграм, за да нагласи дека луѓето можат да носат се што сакаат и во тоа добро да се чувствуваат, без разлика на вишокот килограми.
"Позитивниот однос кон телото, без разлика на вишокот на килограми, е многу важен. Како што можете да го видите тоа на мојата прва фотографија, на која одвај облеков мало црно бикини. Зошто да не? И натаму се чувствував убаво. Никој не ме осудуваше поради тоа и тоа ми помогна да стекнам самодоверба", напишала Џена.
Сега изгледа многу поразлично, поатрактивно, а вели дека тоа е од секојдневното трчање со ќерката, која неодамна го прославила вториот роденден.
"Пораката на оваа приказна е никогаш да не дозволувате некој да ви диктира што е прифатливо, а што не е. Сите имаме целулит", рекла мајката на три деца, која со сопругот живее на Хаваите.
"Не сакам да се заморувам со оние кои ми велат дека треба да бидам слаба за да бидам сакана. Кога ќе се погледнам во огледало, гледам само здравје и неизмерна среќа. Тоа е тоа што ми е потребно за да продолжам низ животот", порачала таа.
Сепак, Џена Џејмисон за една година ослабела речиси 40 килограми.
На диета наводно се одлучила не поради изгледот, туку поради доброто здравје. Избрала кето диета, а нејзините совети, како и фотографиите со кои ја испратила својата трансформација, станале вирални.
"Најдрагоценото нешто што го имате е вашето здравје, а не тоа што го гледате во огледало", им порачала на своите фанови, и со нив споделила "здраво дневно мени".
"Се будам во 6 наутро и веднаш правам кафе. Тогаш си дозволувам да огладнам. Тоа е обично меѓу 10 и 11 часот. Варам четири јајца и ги јадам со павлака и лут сос. Во околу 14 часот повторно сум гладна. Сакам салата од зелка. Ја правам со сусамово масло, свеж ѓумбир, соја сос и мелени индиски ореви. Оди одлично со пилешко бело месо. Последниот оброк ми е во 18 часот. Сакам месо, па секогаш имам при рака. Го комбинирам со тиквички. Исто така, пијам многу вода", објаснила Џена.