Купил американски град, го преименувал во Геј Хел и забранил влез за хетеросексуалци

Точка

19/06/2019

19:43

3.383

Големина на фонт

а а а

Даниел на еден ден во 2017-та година станал градоначалник на Хел и во еден од туристичките памфлети објавил дека е забранет влез за хетеросексуалци.

ЈуТјуб ѕвездата Илаја Даниел го купил американскиот град Хел и ги преименувал во Геј Хел, дозволувајќи во него да се веат само знамиња со боите на виножитото, во знак на протест против одлуката на Трамп на американските амбасади да им забрани да веат знамиња на ЛГБТ заедницата во текот на Месецот на гордоста. 

Калифорнискиот комичар и рапер под псевдонимот Лил Фег, на Твитер објавил фотографија пред знакот на влезот во градот на кој пишува "Добредојдовте во Геј Хел, хистеричниот град во Мичиген".

"Од денес сум сопственик на Хел во Мичиген, го купив целиот град", твитнал од профилот на кој има 600.000 фанови.

"Мојот прв потег како сопственик беше промена на името на градот во Геј Хел, Мичиген. Единствени знамиња кои смеат да се веат се знамињата на ЛГБТ заедницата", додал тој.

Белата куќа не им дозволила на американските амбасади да креваат знамиња во овие бои, што поттикнало некои дипломатски претставништва и државни гувернери да објават фотографии од канцеларии украсени со знамиња во боите на виножитото.

Портпаролката на државниот секретар Мајк Помпео, кој се противи на истополните бракови, ја потврдила забраната минатата недела.

"Ставот на државата е дека на јарболите смее да се веат само американски знамиња", рекла Морган Ортагус на прес-конференцијата.

Компанијата за продажба за недвижнини Re/Max го огласила Хел на продажба за 900.000 долари.

##https://twitter.com/aIIyxo/status/1141104622209249281##

Даниел на еден ден во 2017-та година станал градоначалник на градот и на еден од туристичките памфлети објавил дека им забранува влез на хетеросексуалците.

"Сакаме да забраниме доаѓање на хетеросексуални закани, против кои се бориме во нашиот град", напишал тогаш комичарот.

"Хетеросексуалците кои доаѓаат во нашиот град се размножуваат, имаат повеќе хетеросексуални деца кои можат да ги преземат нашите законски геј работни места...Ви благодарам на соработката во овие тешки времиња, заедно ќе го направиме Хел голем", напишал Даниел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг