Холандска истрага: Тројца Руси и еден Украинец виновен за рушењето на MH17 во Украина и смртта на 298 луѓе

Точка

19/06/2019

19:24

3.287

Големина на фонт

а а а

Холандските инспектори обвиниле четири мажи, тројца Руси и еден Украинец, за убиство поради рушењето на авионот на "Malaysia Airlines" во источна Украина во 2014-та година, кога загинале сите 298 патници и екипажот.

Холандските инспектори ги обвиниле Игор Гиркин, Сергеј Дубински, Олег Пулатов и Украинецот Леонид Харченко за вмешаност во рушењето на авионот, пренесува "BBC". 

Патничкиот лет MH17 бил на пат од Амстердам до Куала Лумпур кога бил соборен над источна Украина. Русија неколку пати со снимки и релевантни факти докажувала дека не е вмешана во ова злосторство, но холандската истрага не ги примала руските аргументи, на што Москва неколку пати се жалела.

За четворицата мажи бил издаден меѓународен налог за апсење.




Спонзорирани линкови

Маркетинг