Лила повторно ја “запали“ јавноста со жешко деколте: „Ништо не е погрешно ако не се претера“

Точка

19/06/2019

18:40

6.900

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за фамозната Лила Филиповска, таа секогаш знае како со стил да го привлече вниманието на јавноста.

Атрактивната водителка уште еднаш покажа дека располага со совршено тело на кое можат да позавидат дури и далеку помлади девојки, а откри и што е потребно за една добра фотографија.

„За една добра фотографија е потребен добар производ, добра шминка и фризура, добар фотограф и одлично светло!!! И секако да се сликате во поза која ќе ги истакне атрибутите, а ќе ги скрие несовршеностите! Сепак нели никој не е совршен. Ја имам таа среќа сите овие сегменти да бидат исполнети за да ги поставам овие слики буквално без ништо да менуваме, ниту фотошоп ниту филтери. Да се разбереме, ништо не е погрешно освен ако се претера“, напиша Лила до објавените фотографии.

Овој пат таа одлучила да ги почести своите следачи со фотографии во жолто бикини, кое ова лето најмногу ќе се носи, па со тоа докажа дека секогаш е рамо до рамо со светските трендови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг