Донација за Домот за доенчиња во Битола

Макфакс

19/06/2019

17:43

1.415

Големина на фонт

а а а

Во Домот за доенчиња и мали деца во Битола, како дел од Коалицијата за борба против гладот и фрлањето на храна“, МКЦ Битола го менаџираше денешното донирање на храна во установата.

„Во оваа прилика, несебично, искрено, како логистичка поддршка, Општина Битола, учествува во оваа активност, затоа што во денешницава кога на луѓето, насушно им треба храната, жалосно би било и штета таа да се фрла, наместо да заврши на вистинско место. Навистина се радувам и ќе ги поддржувам во иднина сите субјекти, да иницираат вакви активности, да сите заедно, здружено го подобриме живеењето, условите и можностите на сите граѓани, особено на најмладите“, изјави градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Денес, беа донирани млеко за бебиња без лактоза и кашички за бебиња, а ваквите активности ќе продолжат во континуитет се со цел подобрување на состојбата кај семејствата во социјален ризик.

„МКЦ Битола како регионален координатор за Битола и околината се погрижи да ја обезбеди дистрибуцијата на дел од таа храна, на таа донација во Битола. Им се заблагодарувам на градоначалничката и на Општина Битола за нивната великодушност, заради тоа што излегоа во пресрет да го обезбедат транспортот на донацијата. Вредноста на донацијата е околу 250.000,00 денари“, изјави Маја Ангеловска од МКЦ Битола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг