Корејски фудбалер прво засилување за Работнички во пресрет на новата сезона

Дерби

19/06/2019

16:59

1.055

Големина на фонт

а а а

Екипата на Работнички ги започна подготовките во пресрет на следната сезона и го донесе првото засилување во тимот.

Нов играч на „романтичарите“ е корејскиот фудбалер Хјунг-јон Ли кој со клубот од Дебар Маалопотпиша двегодишен договор.

Ли е прво засилување за новиот тренер, Александар Влахо кој пред неколку денови беше назначен на оваа позиција.

Инаку Хјунг-јон Ли е 21 годишен фудбалер кој настапув аво средниот ред, а во кариерата досега играл во неколку германски нисколигаши.

Работнички ќе ги запали моторите на 26 јуни, а како што најавуваат од клубот, дотогаш ќе бидат ангажирани уште неколку нови фудбалери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг