„Милионерите“ градат шампионски тим: Хумелс се врати во Дортмунд!

Дерби

19/06/2019

18:12

2.026

Големина на фонт

а а а

Екипата на Борусија Дормунд дефинитивно е решена да и стави крај на доминацијата на Баерн Минхен во Германија, а најдобар доказ за тоа се потезите на трансфер пазарот.

Во изминатиов период ги ангажираа Нико Шулц, Торган Азар и Јулијан Брант, а пак денеска го потврдија ангажманот на Матс Хумелс. „Милионерите“ информираа дека постигнале договор со Баерн Минхен за трансферот на стоперот, трансфер кој ќе биде потврден откако германскиот репрезентативец ќе ги мине задолжителните медицински прегледи.

Повеќе детали не се соопштени, но медиумите пренесуваат дека зделката со сите бонуси може да дојде до бројка од 38 милиони долари.

Хумелс најуспешниот дел од својата кариера го мина токму на „Сигнал Идуна Парк“ каде играше од 2008 до 2016 година по што се врати во Баерн за да сега направи кам-бек во екипите во која се промовираше на големата сцена. Тој за „жолто-црните“ одигра 306 компетитивни натпревари на кои даде 25 голови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг